ALEXANDER THE GREAT 4* - KRIOPIGI
ОПИС:
Хотел ALEXANDER THE GREAT е еден од најбараните хотели во Криопиги. Оддалечен е 1,5 км од Криопиги, 2,5 км од Калитеа, позната по својот динамичен ноќен живот и 85 км од Солун. Се наоѓа на рид со поглед на прекрасната песочна плажа, а има и лифт со кој можете безбедно да се спуштите на плажата.
СОДРЖИНА:
Рецепција со информативна маса, лифт, складирање на багаж, банкомат, бесплатен паркинг, интернет (со доплата на рецепција, на пр. 4 евра за 2 часа), менувачница, перална (со доплата), OASIS бар на плажа, KASSANDRA ноќен бар, ПАНОРАМА бар на базен, таверна ANTONIS a la carte ресторан, кафе OLYMPIAS, базен, детски базен, детско игралиште, шах на отворено, соба за игри, спортови на вода, изнајмување автомобили и велосипеди, одбојка на плажа, тенис (со доплата ) и кошаркарски терени, билијард (со доплата), пинг-понг (со доплата), грчка вечер со музика во живо, тематски вечери (забави покрај базен, на плажа, вечери на скара и сл.), организирани тури, неделна рекреација, содржини за инвалиди, лежалки и чадори покрај базен бесплатно, на плажа (се доплаќа).
Услуга: полупансион или полн пансион
СОДРЖИНА НА СОБИТЕ:
Вкупно 216 климатизирани соби за непушачи, звучно изолирани (8 апартмани, 4 јуниор апартмани, 8 студио апартмани и 196 соби во главната зграда и анекси), ТВ со сателитски канали, мини бар (се доплаќа) , радио, телефон, сеф (со доплата од 2-3 еур на ден), хипоалергично постелнина, повеќе видови перници, креветче, наместен балкон со поглед на море или бујна околина.
ЛОКАЦИЈА: