top of page

Acerca de

skadarlija-3.webp

СРБИЈА

БЕЛГРАД & НОВИ САД (автобус)

1 ден | 18.04.2025 | петок 

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола во 23:00 часот и поаѓање за Србија преку г.п. Табановце со попатни паузи и царински формалности.

2 ден | 19.04.2025 | сабота

Пристигнување во Белград во раните утрински часови. Средба со локален водич и панорамски разглед на градот и пешачка тура: црква „Свети Сава“, тврдина Калемегдан, главната пешачка улица „Кнез Михаилова“. Можност за факултативно крстарење по Сава и Дунав. Сместување во хотел. Ноќевање. 

3 ден | 20.04.2025 | недела

Појадок. Во утринските часови тргнување за Нови Сад. Средба со локален водич, разглед на градот: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, „Дунавската улица“ – пешачка трговска зона, Градското собрание. Слободно време во центарот на Нови Сад. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден | 21.04.2025 | понеделник

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Факултативна посета на Суботица и разглед на градот со локален водич. Слободно време во центарот на Суботица. Оттаму посета на Палич и Паличкотото Езеро. Тргнување за Македонија во попладневните часови.

ПРОМО ЦЕНА: 8.000,00 денари 
РЕДОВНА ЦЕНА: 9.240,00 денари


Во цената е вклучено:
– 1 ноќевање со доручек во Белград
– 1 ноќевање со доручек во Нови Сад
– Превоз на дадена релација – организација и водство на групата
– Разглед на Белград и Нови Сад со локален водич

Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса 3 евра за целиот престој
– Факултативно крстарење по Сава и Дунав – 15 евра
– Факултативна посета во Палич и Суботица – 30 евра 

– Трансфер од Охрид – 15 евра 
– Здравствено патничко осигурување
 
НАПОМЕНИ
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
– За деца од 3 - 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 - 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот. За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
– Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
– Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:
Адреса: Бул. Македонски Просветители бр.3

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965 (Viber & WhatsApp)

Е-пошта: intravel@t.mk

Skype: intertravel-ohrid

  • Facebook
  • Instagram
bottom of page