top of page

HOTEL PHILOXENIA 4* - PSAKOUDIA

ОПИС:
HOTEL PHILOXENIA 4*- Псакудија се наоѓа на самиот почеток на полуостровот Ситонија на Халкидики, на околу 400 метри од центарот на малиот град Псакудија и на околу 80 километри од Солун и меѓународниот аеродром. Хотелот Филоксенија беше целосно реновиран на крајот на 2017 година, кога ја доби четвртата ѕвезда во категоризацијата. Се наоѓа на само 150 метри од целосно уредена песочна плажа, со сите потребни туристички капацитети, и каде лежалките и чадорите се бесплатни за користење (со консумација на пијалоци). Хотелот е одделен од песочната плажа и шеталиштето со лента густа борова шума и гарантира мирен и релаксиран одмор за семејствата кои сакаат да ја истражат секогаш бараната Ситонија и нејзините нереални плажи. Хотелот Филоксениа Псакудија се наоѓа под главниот пат, поблиску до морето. Стандардните соби за двајца возрасни и две деца имаат еден брачен кревет и кревети на спрат.

Оброци: појадок и вечера - шведска маса.

Оброци: појадок, ручек, вечера - шведска маса (Ultra All Inclusive)

 
СОДРЖИНА:
Рецепција, ресторан, сеф (доплата), бар, отворен базен, детски базен, лежалки и чадори покрај базен, бар покрај базен, билијард, Wi-Fi интернет (бесплатно околу базен), забава за деца, СПА центар, паркинг
 
СОДРЖИНА НА СОБАТА:
Бања, фен, фрижидер, клима, SAT-TV, телефон, сеф, интернет (доплата), тераса со седење
 
ЛОКАЦИЈА:

GOOGLE MAPS ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

На дадениот пребарувач може самостојно да пребарувате цени за конкретниот хотел.

Со кликнување на КАЛЕНДАРОТ изберете го посакуваниот датум. Во бројот на ноќевања одберете  го посакуваниот број на ноќевања. Внесете број на особи (доколку има и деца, внесете ја возраста на децата).

Напомена: Онаму каде пребарувачот ви дава "STOP SALE", тоа означува дека хотелот не располага со слободни соби за бараниот датум, затоа обидете се да ставите друг датум за престој.

bottom of page