MURITE CLUB 4* - RAZLOG, BULGARIA
ЛОКАЦИЈА:
Во околината на Разлог, 10 км од центарот на Банско
СМЕСТУВАЊЕ:
96 луксузно опремени соби и апартмани. Сите апартмани имаат балкон со планински поглед, и се опремени со дабов под и теписи во спалните соби. Собите се опремени со сателитска ТВ, кауч и систем за домашна забава. Некои, исто така имаат и голема кујна.
Услуга: Се вклучено
СОДРЖИНИ:
Комплексот се состои од 4 тематски згради кои се одалечени 50 метри една од друга. Главната зграда нуди луксузни спа и велнес објекти со затворен базен, како и пријатно лоби со отворен камин, мини клуб за деца, ресторан, продавници и ноќен клуб.
СПОРТ И ЗАБАВА:
Тенис, голф (во рамките на 3 км), риболов, скијање, билијард, пинг - понг, пешачење, велосипедизам, јавање, сауна, фитнес центар, спа и велнес центар, масажа, џакузи,турска бања, затворен базен (цела година) , изнајмување велосипеди, мини клуб за деца, детско игралиште, караоке, вечерна забава
Во цената е вклучено: појадок и вечера на шведска маса, транспорт до жичарница (по распоред), користење на внатрешен базен, џакузи, сауна, парна бања, фитнес, интернет, паркинг.
Доплата за ALL INCLUSIVE: возрасен 16€, дете од 6-13.99 год. – 8€ (појадок, ручек, ужина, вечера, неограничени пијалоци од 10-22 часот)
Дополнителни услови:
– Деца до 5.99 год. – бесплатно
– Прво дете од 6-13.99 год. на дополнително легло во едноспален апартман – бесплатно
– Второ дете од 6-13.99 год. на дополнително легло во едноспален апартман – 50% попуст
– Дете од 2-13.99 год. на редовно легло во двокреветна соба – 50% попуст
– Возрасен на дополнително легло во едноспален апартман – 30% попуст
– За сместување во двоспален апартман се плаќаат 4 полни суми и важат условите за лица на доп.легло (доколку има)
– Доплата за новогодишна вечера : возрасни – 100€, дете од 6-13.99 год. – 60€
– Доплата за туристичка такса за возрасни и деца над 2 год.: 1€ по лице на ден
– Сместување во еднокреветна соба +50 % од цената по лице