top of page

Acerca de

IMG_83822.jpg

ГРЦИЈА

ОСТРОВ КРФ (автобус + брод)

1 ден | 17.04.2025 | четврток
Организиран трансфер за патниците од Охрид. Поаѓање од Битола во 23:30 часот од Спортска Сала. По граничните формалности, продолжување за Игуменица со попатни одмори. Ноќно патување.

2 ден | 18.04.2025 | петок
Пристигнување во Игуменитца. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време до 16:00 часот. Посета на палатата на принцезата Сиси – АХИЛЕОН. После разгледот на палатата, се поаѓа према центарот на градот, каде се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, плех оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе- симболот на островот. Сето тоа трае до 21:00 часот кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големит хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија- оплакувањето на Христос. Ноќевање.

3 ден | 19.04.2025 | сабота
Појадок.Претпладнето започнува процесијата: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св. Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи: Пилина и Мастело. Слободно време за индивидуален разглед. Во попладневните сати враќање во хотелот. Слободно време. Околу 21:00 часот се поаѓа према градот каде на големиот плоштад, најголем во цела Грција, се ожекува величенствениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото го краси инпонзантен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден | 20.04.2025 | недела
Појадок. ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН – ден на радоста. По улиците е живо и весело, се јаде и пие и она неизбежното традиционалното – се кршат јајца. Во пладневните часови се поаѓа Палеокастрица, живописно место на северниот дел од островот. Попатно се посетува фабриката за пијалоци и слатко од овошјето Кум-куат, кое расте единствено на островот. Слободно време во заливот Палеокастрица, за индивидуални активности. Во попладневните сати враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ден | 21.04.2025 | понеделник
Појадок. Во претпладневните часови поѓање со брод за Игуменитца,а потоа  продолжување со автобус за Битола, со попатни одмори и посета на градот Јанина. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.
                              
ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ: 11.720,00 денари  

Цената вклучува: 
– Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма                 
– Превоз со брод на релација: Игуменица - Крф - Игуменица                        
– 3 ноќевања во хотел 3* со појадок (секоја соба АЦ,ТВЦ,ТВ) 
– Лиценциран придружник 
– Организација и водство на аранжманот 

Цената не вклучува:
– Факултативни посети чии цени ќе бидат истакнати дополнително
– Туристичка такса – 4,5 евра

– Трансфер од Охрид – 15 евра 
– Индивидуални трошоци за храна, влезници и сувенири


НАПОМЕНИ: 
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Деца до 12 години со 2 возрасни имаат 30% попуст
– За еднокреветна соба се доплаќа 70 евра
– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
– Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
– Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
– За отказ на резервација важат опшите услови на патување.
– За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. 

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:
Адреса: Бул. Македонски Просветители бр.3

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965 (Viber & WhatsApp)

Е-пошта: intravel@t.mk

Skype: intertravel-ohrid

  • Facebook
  • Instagram
bottom of page